Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на министерски состанок во седиштето на НАТО во Брисел

09.11.2017 | 17:25
Прочитано: 1816

На покана на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денеска учествува на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО и земјите учесници во мисијата „Одлучна поддршка“.

На состанокот, министрите за одбрана ја разгледаа безбедносната состојба во авганистан и дискутираа за понатамошниот развој на операцијата на НАТО во Авганистан, „Одлучна поддршка“. Министерката Шекеринска ја истакна посветеноста на Република Македонија во поддршка на напорите на НАТО за унапредување на демократските капацитети на Авганистан и најави понатамошен зголемен придонес на Република Македонија во операциите на НАТО.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.