Мерки против загадувањето на воздухот

08.11.2017 | 18:02
Прочитано: 2504

Високото аерозагадувањето ги седна на маса градоначалниците на Скопските општини и министерот за животна средина. Одлучија да се донесат неколку мерки и препораки. Првиот чекор за решавање на еден од најгорливите проблеми на граѓаните – е поскапување на паркингот во Центар.

„Идејата е да ги стимулираме граѓаните да го користат јавниот превоз за да не плкаѓаат поскап паркинг.“ - вели Петре Шилегов – градоначалник на Град Скопје.

Но освен ова, Шилегов најавува и дека до крајот на годинава ќе се предложат законски измени со кои при технички преглед, возилата ќе се тестираат колкава количина на штетни гасови испуштаат. Потоа секое возило ќе добие налепница со соодветна боја и во услови кога загадувањето ќе биде енормно, возилата кои најмногу загадуваат ќе бидат исклучени од сообраќај.

„Ќе можеме возилото да го категоризираме колку има количина на издувни гасови и согласно со тоа да го маркираме во еколошка смисла.“ - вели Шилегов.

Ваквите предлози ги отворија прашањата, дали решавањето на проблемот е во поскап паркинг, што со останатите општини, кои се исто загадени како и Центар, особено Карпош и Аеродром. Дополнително, мерката со налепници за возилата пак е предвидена да стапи на сила до крајот на другата година. И невладините организации и граѓаните бараат мерки кои ќе бидат уште поконкретни и директни, но и многу повеќе пари во буџетот за оваа намена. Сега се предвидени 3,5 милиони евра, а невладините бараат 150 милиони евра, за Скопје да не биде најзагаден град во Европа.

„За првпат во буџетот ќе се предвиси ставка со сретства за намалување на овие намени“ - вели Садула Дураку – министер за животна средина.

Владата најавува дека ќе работи на гасификација, но за овој проект ќе бидат потребни повеќе години дури и ако сериозно се работи на негова реализација. Владата ветува и дека ќе преговара за намалување на цената за парно греење за што повеќе граѓани да се приклучат.

„како да го зголемиме бројот на граѓани кои се корисници на парно, помагање и субвенции и кон оние од најранливата категорија за да го сменат начинот на греење“ - вели Јани Макрадули – заменик министер за животна средина.

Сепак, цените за парно греење ги одредува Регулаторната комисија за енергетка, која е независна. Дополнителна мерка, е дека владата ќе ги стимулира граѓаните да користат пелети за загревање на домовите, но не се прецизира како тоа ќе го направи. Претходната влада, ја донесе оваа мерка, но тоагаш реакциите беа дека беа издвоени многу малку пари за субвенционирање на граѓаните кои сакаа да се греат на пелети.

На најавите за сите овие мерки реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо живот за сите, градоначалниците на СДС донесоа поскапи паркинзи за сите, поскапа нафта, и најава за забрана за возење на постари автомобили. Тоа е директен удар за економскиот стандард на граѓаните. Наместо суштински проекти тие ја замајуваат јавноста со мерки со кој ги ограбуваат граѓаните.“

Според истражувањата на УНДП, годишно во Скопје се гори шума колку цело Водно. Жителите на главниот град во сите делови каде што се мери квалитетот на воздухот веќе ги надминале максимално дозволените денови во кои може да бидат изложени на високи концентрации на ПМ10 честички во воздухот. Скопјани во изминативе 10 месеци веќе дишеле загаден возух над дозволените максимални вредности. Во загаден воздух се гушат и жителите на Тетово и Битола.


Ивана Стојкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.