Македонски дипломати со иницијатива за промена на името на аеродромот Александар Велики

10.11.2017 | 17:45
Прочитано: 6006

Од скопскиот аеродром почнуваа и  и на него завршуваа  многуте патувањата на претседателот  Киро Глигоров во светот, посветени на мирот и пријателството, а за меѓународно етаблирање на македонската држава, затоа заслужува неговото име да го носи аеродромот во Скопје -порачуваат во писмено соопштение од дипломатскиот клуб Скопје.

„Од овој аеродром полетаа и првите авиони со македонски државни ознаки. Со именувањето на скопскиот аеродром со името на претседателот Глигоров на најдостоен начин ќе се материјализира оценката за неговата голема улога во процесот на создавањето на Република Македонија како современа држава – траен паметник во колективната меморија на граѓаните на Македонија“, велат од Дипломатски клуб Скопје

Идејата првично наиде на позитивен сигнал и кај македонскиот премиер. Но одлуката, рече Заев ќе мора да биде донесена транспарентно и преку јавна дебата.

„На прва ми се допаѓа идеата, но јас сум само еден од граѓаните на Република Македонија по вакви прашања. Сакам да ги слушам внимателно граѓаните, нека се развие дебата,  ние им стоиме на располагање на граѓаните ида бидеме нини сервис“, вели  Зоран Заев – Премиер на РМ

Скопскиот аеродром Петровец беше преименуван во „Александар Велики“ на 27 декември 2006, со владината одлука, на чело со тогашниот премиер Никола Груевски. Всушност, со таа одлука започна и процесот кој во јавноста беше именуван како „антиквизација“ на државата.

Промената на името на аеродромот, во Грција беше третирано како провокација, а тогашната влада никогаш не излезе со образложение за тоа како дошло до идеја да се промени името на аеродромот. Неодамна на истата тема со свој став излезе и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, кој најави дека Македонија би можела да избегне референдум благодарение на решение кое би произлегло од промената на името на аеродромот, како и решавање на останатите стратешки точки кои досега Грција ги сметала за идредентистички. Османи во таа прилика најави и дека разликите околу името со Грција ќе бидат решени наскоро.


Јован Ѓорговски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.