Македонците на мобилен најчесто на Вибер и Фејсбук месинџер

31.10.2017 | 12:43
Прочитано: 711

Бројот на корисниците на мобилна телефонија во Македонија годинава за разлика од лани бележи мал пораст и изнесува 95,2 процента. Корисниците на паметни телефони го следат трендот на пораст и годинава го зголемија своето мнозинство со 72,1 процент, се наведува во резултатите од испитувањето на јавното мислење за пазарот на електронски комуникации во Македонија  на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

Анкетата, спроведена  на територијата на Македонија на случаен репрезентативен примерок од 1.100 испитаници во периодот од 19 до 29 мај годинава,  покажува дека бројот на припејд корисници е намален на 28,8 проценти, а корисниците на мобилен телефон се почесто телефонираат од мобилен на фиксен кога имаат потреба (37 проценти).

Бројот на корисници на интернет на мобилен телефон преку мобилен оператор е во константен раст од минатата година и сега изнесува 58,6 проценти. Најголемиот број  од корисниците се помлади од 40 години, но исто така се забележува пораст и кај лица под  50 години.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.