Мајкл Џексон - „најбогат“ меѓу починатите славни личности

01.11.2017 | 12:31
Прочитано: 1143

И по осум години од смртта, американската поп ѕвезда Мајкл Џексон е „најбогат“ меѓу починатите славни личности. Тој веќе петта година се наоѓа на врвот од оваа листа од 13 имиња којашто ја објавува списанието „Форбс".

Пејачот само последнава година заработил 75 милиони долари, што се должи меѓу другото, и на објавувањето на албумот „Scream“ во септември.

Втор на листата е голферот Арнолд Палмер, кој почина минатата година, а „неговата“ заработка изнесува 40 милиони долари. 

На третото место е карикатуристот Чарлс Шулц, кој се прослави со серијата стрипови „Чарли Браун", а годишниот приход на негово име е 38 милиони долари.

Елвис Присли е четврти, со 35 милиони заработени благодарение на новиот забавен комплекс во Мемфис што го носи неговото име, и неодамна отворениот хотел.

Боб Марли е петти на листата, со 23 милиони долари заработка. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.