Изгаснат пожарот на Градежниот факултет во Скопје, гореле документи

09.11.2017 | 13:12
Прочитано: 1205

Десет противпожарни возила го гаснеа  пожарот на Градежниот факултет во Скопје, кој избувна утрово и по неколку часовна интервенција на противпожарните екипи беше изгаснат.

Пламените јазици зафатиле три простории на вториот кат уништена е хартија и документација од професорските кабинети кои се наоѓале на местото кај што избувнал пожарот. Професорите и студентите биле навреме евакуирани.

Двајца студенти што се пожалиле од потешкотии при дишење, но  нема повредени. Причините за пожарот не се познати. На местото пристигнале и градоначалникот на  Град Скопје Петре Шилегов и министерката за образование и наука Рената Дескоска Треневска.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.