Лекар од Клинички центар прободен со нож

10.11.2017 | 10:37
Прочитано: 3108

Лекар кој бил вработен на Клиниката за токсикологија вчера вечера бил прободен со нож од страна на непознато лице. Нападот се случил на булевар „Мајка Тереза“, кај Клиничкиот центар.

Според првичните информации на полицијата, нападот бил пријавен ноќеска по полноќ во 00.45 часот, а се случил вечерта во 19.30 часот.

Лекарот, според информациите на полицијата, се здобил со телесни повреди, а медиумите пренесуваат дека тој е хоспитализиран на Клиниката за дигестивна хирургија и не е во животна опасност.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.