Куманово го пречекува МЗТ Скопје во последниот дуел од 5.коло

10.11.2017 | 20:24
Прочитано: 1167

Кошаркарите на МЗТ Скопје и Куманово вечерва ќе го заокружат петтото коло во домашното првенство.

Шампионот е во тешка криза сезонава со остварени само 4 победи во 11 официјални натпревари. Во домашното првенство има две победи и исто толку порази, додека во регионалното АБА друштво е со биланс од 2 победи и 5 порази.

И тимот на Куманово не е за пофалба. Оствари три победи во осум официјални натпревари. Во домашниот шампионат е со идентичен скор како МЗТ, две победи и два порази, додека во балканската БИБЛ лига триумфираше еднаш, а загуби три пати.
И двете екипи ја заземаат средината на табелата во суперлигата, додека на врвот е Блокотехна, заедно со Работнички со максимални пет победи.

Пресметката се игра во Куманово, а домашната екипа по доаѓањето на новиот претседател на клубот, Младен Давидивиќ, ги врати и верните навивачи „Кумани“ на трибините. Се очекува полна сала, со оглед на тоа, што и влезот е слободен. Натпреварот се игра од 17.30 часот.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.