Костоски ја пропушта Словачка, Давитков ги „отпиша“ Мекиќ и Маслинко

21.11.2017 | 21:39
Прочитано: 1225

Кошаркарската репрезентација на Македонија се соочува со нови проблеми непосредно пред почетокот на претквалификациите за Евробаскет 2021.

По отсуството на повредените Бојан Трајковски и Ѓорѓи Чековски, селекторот Јорданчо Давитков остана и без услугите на Александар Костоски, кој на вчерашниот тренинг го повреди листот на ногата и мора да мирува следниот период. Плејмејкерската позиција ќе ја наследи Бобан Стајиќ, а за играта под обрачите на Националниот тим му се приклучи Американецот со македонски пасош, Ричард Хендрикс.

Селекторот Давитков на последниот „рез“ ги отпиша Адем Мекиќ и Андреј Маслинко за натпреварот в четврток во Словачка, а каков ќе биде ростерот за неделниот дуел во Скопје против Швајцарија се уште е непознато.

 


Слаѓан Ивковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.