Косовската Влада издвои по 10.000 евра за семејствата на осудените во случајот „Диво насеље“

10.11.2017 | 18:27
Прочитано: 5125

Косовската Влада донесе одлука со која ќе издвои 290.000 евра на име трошоци на семејствата во случајот „Диво насеље“.

Премиерот Рамуш Харадинај на седница на владата изјави дека на секое семејство ќе им бидат дадени по 10.000. Тој претходно на средба со семејствата на осудените во случајот, им ветил дека максимално ќе се заложи за „повторно, праведно  и коректно судење“ на нивните најблиски од кумановската група. За тероризам и терористичка организација во Диво насеље скопскиот  суд прогласи за виновни 33-ца обвинети. Осумина од нив добија доживотни затворски казни. Четворица обвинети кои се водеа како логистика на извршителите беа ослободени, додека тринаесетмина обвинети добија по 40 години затвор, а шестмина беа осудени на дваесет години затворска казна.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.