Конференција за ретки болести во МАНУ

11.11.2017 | 10:50
Прочитано: 559

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ја организира шестата конференција за ретки болести.

Конференцијата е за педијатри, интернисти, невролози, нефролози, лекари за семејна медицина, генетичари, биохемичари, биолози, лекари од Македонија и од Југоисточна Европа.

„Благодарејќи на овие состаноци повеќе болести што порано не се лекуваа во земјата сега се лекуваат. Истовремено, нови гени, нови молекуларни механизми на настанок на болести и нови лекувања резултираа од истражувањата и во нашата земја“, соопшти МАНУ.

Поддржувачи на конференцијата се Македонското лекарско друштво и Лекарската комора на Македонија.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.