Конференција на армиите на САД и Јадранската повелба

09.11.2017 | 12:15
Прочитано: 415

Началниците на Генералштабовите  на армиите од земјите членки Јадранската повелба и САД учествуваат  на заедничка  конференцијата на која се расправа за проширување на соработката меѓу државите од А-5 за целосна НАТО интеграција и придонес за безбедноста на Алијансата.

Конференцијата ја отвори началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски. Со нашите партнери и пријатели сме одлучни и посветени на американско - јадранската иницијатива, и подготвени да ги споделиме нашите искуства и перспективи, како и да ја прошириме соработката за целосна нато интеграција и придонес за безбедноста на Алијансата, рече генерал Величковски.

Тој им се заблагодари на началниците на генералштабовите присутни на конференцијата, кои овозможиле Македонија да биде копретседавач на 25-годишнината од формирањето на АРМ.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.