Кон крајот на месецот – средба на преговарачите за спорот со името

08.11.2017 | 17:46
Прочитано: 1015

Подобрената клима и зголемената доверба меѓу Македонија и Грција е причина за оптимистичките озјави на американската администрација за можно наскоро решавање на спорот за името, вели министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

„Ќе има средба овој месец и во оваа прва фаза нема да има посета на медијаторот Нимиц.“ - изјави Никола Димитров, министер за надворешни работи.

Дали Македонија ќе пристапи кон отстранување на спомениците од Скопје 2014 во корист на договор со Грција, Димитров не одговара, но вели нема да се создаваат нови проблеми со соседот.

„Нашата политика е да одземаме аргументи и причини на оние кои би сакале блокадата на нашиот европски пат да остане. Разликата на сегашната надворешна политика во однос, каде претходната даваше аргументи на оние политички сили кои не се заинтересирани да се отворат вратите за Македонија.“ - изјави Димитров.

После грчкиот министер за надворешни Коѕиас кој најави решение на почетокот на 2018 година, и заменик државниот секретар на САД Хојт, Брајан Ји во интервју за Гласот на Америка вели дека е можно скоро решение на проблемот со името.

„Има уште многу работа да се заврши од двете страни. Оптимист сум дека ќе има решение. Расположението во Грција и Македонија е  на највисоко ниво.“ - изјави Хојт Брајан Ји, заменик државен секретар на САД.

Инаку во истото интервју Ји е прашан и дали ќе биде иден амабасадор на САД во Македонија, на што дипломатот познат по ангажманот во решавањето на македонската политичка криза не одговорил ништо, туку само се насмеал.

 


Сеад Ризвановиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.