Кој ќе биде нов министер за здравство?

10.11.2017 | 17:37
Прочитано: 5008

Кој ќе седне во испразнетиот кабинет на Министерството за здравство. Политичките партии од парламентарното мнозинство не откриваат кои имиња се во игра за министерската позиција. Лидерот на Алијансата Зијадин Села пак убеден дека тие ќе го имаат овој ресор, а одлуката ќе биде партиски договор.

Села не излегува од Владата, а позицијата ќе ја засилуваат со свој предлог. Во меѓу време, Министерството за здравство остана без прв човек, откако Арбен Таравари беше избран за градоначалник на Гостивар.

За наследник на Таравари се споменуваат имињата на актуелниот директор на клиниката за очни болести, Беким Татеши како предлог на Алијансата за Албанците, но и директорот на ургентен центар, Илир Хасани, како предлог на ДУИ. Села, чие име се споменуваше како можен министер за здравство, пак, веднаш негираше дека ќе го води овој ресор.

Тој вчера во емисијата Патот кон на Алсат најави дека името на новиот министер официјално ќе се знае откако ќе одлучат партиските органи.

„Јас не сум премиер на Македонија за да одлучам кој ќе  се избира и кога ќе има средба. Алијансата за Албанците името го решава веднаш. Имаме доволно кадри не само за Министерство за здравство   туку за секое министерство каде само еден состанок да одржиме со централното раководство ќе ги имаат сите имиња“, вели Зијадин Села – лидер на Алијансата за албанците

Освен здравство, во Владата се испразни уште еден ресор за странски инвестиции.  Рамиз Мерко беше избран за градоначалник на Струга, а се погласни се шпекулациите дека Владата нема да назначи негов заменик, со што ќе се намали бројот на министерства.

По склучување на коалицијата со БЕСА за локалните избори, Села отворено ги напаѓаше коалиционите партнери, а по завршувањето на вториот круг, тој ги обвини Заев и Ахмети дека му ја украле победата во Струга.

Алијансата најави излегување од владата по изјавата на Заев дека вратите на мнозинството се отворени и за ДПА, кога рекоа дека по влегувањето на Мендух Тачи на Илинденска бр. 2 Села веднаш ќе излезе од Владата и од мнозинството. Премиерот денеска со спротивен став од оној на изборите, тврди не разговара со Тачи за влез во коалицијата.


Александар Тодевски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.