Кевин Спејси се повлекува од глумата и оди на лекување

03.11.2017 | 11:23
Прочитано: 2172

По обвинувањата за сексуално вознемирување кон Кевин Спејси, тој соопшти дека се повлекува од глумата и оди на лекување.

Гласноговорникот на глумецот изјави дека тој ќе се повлече на некое време, ќе побара неопходно стручно мислење и дека ќе оди на лекување, но не прецизираше какво.

Освен Спејси, уште неколку филмаџии се соочуваат со обвинувања за сексуално вознемирување, а меѓу нив се Харви Вајнстин, Дастин Хофман и Брет Ретнер.

Двојниот оскаровец Спејси, деновиве беше обвинет дека сексуално ги вознемирувал режисерот Тони Монтана и глумците Роберт Кавазос и Ентони Реп, како и уште една особа која претпочита да остане анонимна.

Во извинувањето кон Реп, Спејси и соопшти на јавноста дека „одлучил да живее како геј маж“.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.