Казната за Горан Грујевски од 1,5 година затвор определена според законот за одмерување на казни

09.11.2017 | 18:36
Прочитано: 3249

Казната за поранешниот началник на Петата управа Горан Грујевски е навидум блага, но е во рамки на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната вели поранешниот јавен обвинител и адвокат Трајче Китановски. Со ваквиот закон, според Китановски за жал судијата не можел по слободно судиско убедување да определи санкција која што смета дека би била соодветна на тоа дело и последиците кои ги предизвикало.

„Казната на прв поглед е блага во однос на стореното кривично дело и имликациите кои ги предизвикува таквото кривично дело. Меѓутоа мора да го разбереме и судот затоа што судот морал да го примени законот за орпеделување на видот и одмерување на висината на казната кој што можам слободно да кажам дека е најглупав закон донесен во ресорот правда, правосудство и правораздавање. Со ваков закон судот не може да направи индивидуализација на кривичната казна иако тоа е една од основните цели на казнувањето според кривичниот законик“, смета Китановски.

Сепак, изрекувањето на осудителна пресуда дека е сторено кривичното дело уништување на докумети дирекно поврзани со прислушувањето е фактор кој укажува дека постои злопотреба која ќе се докажува преку другите обвиненија на СЈО и во кои Грујевски е обвинет за потешки кривични дела.

„Ако е точно тоа што можеме да го осознаеме преку медиумите со тоа дело, со уништувањето на документи, практично сакале да се уништат доказите за друго кривично дело кое што е многу потешко, ова го велам условно, но верувам во тоа што до сега го знаеме од предметите процесуирани од СЈО мислам дека целите и умислата на сторителите на ова кривично дело биле многу промислени и сакале да се постигнат ефекти на недокажување на други кривични дела кои се надеваме дека ќе се докажат како што тврди СЈО бидејќи се веќе поднесени обвиненија“, вели Китановски.

СЈО ќе ја чека пресудата на писмено по што ќе одлучи дали ќе се жали за висината на казната пред Апелација. Одбраната пак. пред повисокиот суд ќе ја оспори и висината на казната, но и надлежноста на СЈО. Грујевски е обвинет и во предметите „Тврдина Таргет“ за масовното прислушуавње во кој се товари за злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување на службена исправа и во „Трезор“за набавката на системите за прислушување каде одговара за злоупотреба на службената положба дека за кои се предвидени повисоки казни. Дали ќе и кога ќе и биде испорачан на земјава за да седне на обвинителна клупа одговор треба да дадат грчките власти.


Марија Севриева
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.