Катар првпат именуваше жени во советодавниот совет

10.11.2017 | 14:17
Прочитано: 564

Катар првпат во својата историја именуваше жени во советодавниот совет. Со указ на емирот Шеик Хамад Бин Калифа Ал Тани, вкупно четири жени ќе бидат именувани во советот, кој е своевиден парламент.

Државната новинска агенција на Катар соопшти дека емирот именувал вкупно 28 нови членови на советот. Потегот доаѓа во време кога Катар е соочен со дипломатско и трговско ембарго од страна на Саудиска Арабија, Египет, Обединетите арапски емирати и Бахреин.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.