Карпош Соколи ја продолжи низата порази во Еврокупот на ФИБА

08.11.2017 | 23:01
Прочитано: 602

Карпош Соколи го претпе и четвртиот пораз во четвртиот натпревар од Европкупот на ФИБА. По втор пат загуби од Унгарски Солнок овој пат пред домашната публика со 91-73.

Квалитетна игра и надигрување само во еден квартал е недоволна за победа. Карпош Соколи на моменти иако играше квалитетно и се враќаше од самото дното, сепак силниот притисок на противникот од Унгарија не го издржа до крај.

Единственото водство го имаше по првите десет минути (26-21). Само две минути игра во вториот квартал му беа потребни на Солнок да го реши прашањето околу победникот. Со серија од 14-0 создадоа двоцифрена предност, која се испостави како недостижна бидејќи домаќинот уфрли само 8 поени во овој период и на пауза замина со негатива од (34-45).

Во 27-та минута Карпош Соколи губеше и со највисоки 23 разлика, но собра сили и на четири минути до крајот успеа да дојде на 7 разлика. Тоа беше и се што сторија, бидејќи Солнок со нова серија поени заслужено на крајот славеше со 18 коша разлика 73:91.

Чомагиќ со 17 поени и шест скока беше најефикасен во тимот од Карпош, пред Лабовиќ со 15 поени и Мекфејден еден помалку. Во следното коло Карпош Соколи ќе игра во Русија против Нижни Новгород.


Слаѓан Ивковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.