Иванов и Попоски на јубилејната Галичка свадба

15.07.2012 | 10:20
Прочитано: 1769

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и министерот за надворешни работи Никола Попоски придружуван од претставници на дипломатскиот кор денеска ќе присуствуваат на 50. јубилејна Галичка свадба.

 На годинашната Галичка свадба со обичаите традиционални за печалбарското село Галичник својата шестгодишна љубов ќе ја крунисаат 27-годишната Даница Тортеска и 29-годишниот Трајче Лозаноски.

 Венчавката ќе се одржи во црквата „Св. Петар и Павле“, а централната прослава ќе биде збогатена со настапот на КУД „Кочо Рацин“, со ората „Тешкото“ и „Невестинско“, и со концерт на етно групата „Калевала“.

 Галичката свадба, која е организирана манифестација од 1963, во изминатите пет децении прерасна во туристичка атракција. Содржи 30 свадбени обичаи од мијачкиот крај, а невестата два дена е облечена во носија составена од 46 делови, тешка 25 килограми. Свадбите во Галичник секогаш се правеле околу верскиот празник Петровден кога печалбарите се враќале дома.


Коментари (1)

voyance

Horoscope fr tarot lapin astrologie chinoise

11
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.