Иван Џолев утре дава свечена заклетва како претседател на Кривичниот суд, ќе ја врати ли довербата во судот

09.11.2017 | 18:35
Прочитано: 2166

Големи очекувања и уште поголеми и потешки задачи му претстојат на новиот шеф на Кривичниот суд во Скопје, анализираат дел од експертите. Судијата Иван Џолев сега е исправен пред сизифовска задача и треба да се посвети синонимот „сваровски“ да го смени со јавен сервис за граѓаните, смета адвокатот Арбен Гоља.

„Никогаш судот не бил на пониско ниво од овие последни десет 11 години. Сами може да извлечете дека новиот претседател на кривичен го очекува страшно тешка задача, сизифова рабопта за да го доведе судот на ниво кое му прилега.“ - вели Гоља.

За Гоља, клучна е реорганизацијата на кривичниот суд и рамноправен третман на предметите на СЈО кои до пред извесен период беа распоредувани кај „подобни“ судии.

„Јас сум запрепастен од голем дел на судиите кои му служат на еден заминат режим. Новиот претседател е добро запознат со нивната определба и мора со еден внимателен избор. Тука и ма и судии чесни и квалитетни кои не можеле да дојдат до израз.“ - вели Гоља.

Џолев од утре и официјално ја презема функцијата прв човек на Кривичен, откако ќе даде свечена заклетва пред членовите од Судскиот совет. 11 членови вчера му ја дадоа довербата, а двајца беа против. Честитка му упати и неговиот доскорашен најлут противкандидат Владимир панчевски, со кого минатата година си разменија кривични пријави и претставки до Судскиот совет.

„Честитки до кандидатот му честитам и на Судскиот совет направија исклучителен избор“ - вели Панчевски за ТВ24.

Од анкетниот лист од Антикорупциска, судијата Џолев не пријавил сопствен недвижен имот. Неговата имотна состојба од пријавеното е скромна, поседува возило Мицибуши вредно 14.000 и пријавил кредит и заем од 13.800 евра.



Христина Беловска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.