Иван Џолев е нов претседател на Кривичниот суд

08.11.2017 | 14:53
Прочитано: 1919

Судијата Иван Џолев е нов претседател на Кривичниот суд-одлучи Судскиот совет   на денешната седница.

За него гласаа 11 членови на Советот, а двајца беа против. Џолев беше судија во кривичниот суд осум години и два месеци.

За ова место се кандидираа судиите Владимир Панчевски, Ивица Стефановски, Верка Петковска, Осман Шабани, Ѓоко Ристов и Весна Димишкова.

Судијата Оља Ристова ја повлекла кандидатурата за претседател на Скопскиот кривичен суд, информираа на седницата на Судскиот совет.

Претходно беше констатирана оставката на в.д. претседателот на Скопскиот кривичен суд Стојанче Рибарев кој, како што беше речено на седницата, оставката ја поднел поради здравствени причини, односно хируршка интервенција.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.