Ирак: Офанзива за заземање на последниот град кој ја држи ИД

11.11.2017 | 10:46
Прочитано: 1415

Ирачките сили утрово започнаа офанзива за заземање на Рава, последниот град кој екстремистичката Исламска држава го држи под контрола.

Во офанзивата за преземање на овој мал град на крајбрежјето на Еуфрат и областите долж границата со Сирија, учествуваат две пешадиски дивизии и сунитски племенски сили.

Ирачките сили повторно ја презедоа контролата над поголемиот град Ал Каим, поради што на ИД и останаа помалите зони кои сé уште ги држи под контрола.

Во средината на оваа седмица, сириската армија, заедно со сојузничките сили, го зазема последното упориште на ИД во Сирија, градот Албу Камал, тврди водачот на воената алијанса, која го поддржува сирискиот претседател Басар ал- Асад.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.