И Стивен Сигал на листата обвинети за обид за силување

05.11.2017 | 19:00
Прочитано: 2431

Ѕвездата на серијата „Добра сопруга“, Џулијана Маргулис го обвини актерот Стивен Сигал дека се обидел да ја силува, објави „Дејли Мејл“.

Според лондонскиот весниок, 51-годишната Маргулис тврди дека овој напад се случил при нивната прва средба во 80-те години на минатиот век.

„Имав 23 година. Доцна навечер ме повика мојата агенткка и ми рече дека Сигал сака да одам кај него во хотелот за да вежбаме сцени“, изјави Маргулис.

Актерката тврди дека на агентаката и рекла оти нема пари за такси и дека и е страв да оди со метро, на што таа и одговорила дека Сигал ќе и го плати таксито.

„Кога стигнав, тој се погрижи да видам дека има пиштол, по што ми рече дека е шаман и исцелител и дека сака да ме измасира. Почнав да врискам и едвај се извлеков од ситацијата“, додаде Маргулис.

Таа трвди и дека имала непријатно искуство и со продуцентот Харви Вајнстин, кого деновите стотина жени го обвинија за сексуалсно вознемирување и малтретирање.

Според Маргулис, Вајнстин во 1994 година ја пречекал во хотелска соба со запалени свеќи и само по бањарка.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.