Хелсиншки и ЕПИ: Се губи довербата во институциите, се опструира СЈО

16.06.2016 | 18:22
Прочитано: 1727
Се губи довербата во институциите кои се клучни за функционирањето на правниот систем во државата покажува анализата на институтот за Европска политика и Хелсиншкиот комитет.
 
Извештајот укажува на тоа дека граѓаните се помалку му веруваат на Уставниот суд чиј број на преставки од 2010 до 2015 та според анализата е намален за 73 % но исто така и алармираат на несоработката на институциите со СЈО што пак ја доведува до прашање работата на оваа институција .
 
Меѓу другото анализата се осврнува и на пренатрупаноста во затворскиот систем дискриминацијата и неможноста на граѓаните да го добијат потребниот третман од најповиканите институции како и уназадувањето на слободата на медиумите.
 
Областите кои се анализирани во публикацијата се правосудството, борбата против корупција и темелните права. Теми кои до сега најчесто беа нотирани и во меѓународните извештаи.
 
 

Гаврил Сирачевки
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.