Грчката опозиција бара смена на Каменос поради зделка со оружје

08.11.2017 | 14:56
Прочитано: 646

Грчката опозициска партија Нова демократија побара оставка од министерот за одбрана Панос Каменос поради сомнителна зделка со Саудиска Арабија, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Нова демократија обвинува дека Каменос потпишал договор со сомнителен трговец со оружје вредна 66 милиони евра за продажба на авионски ракети и бомби.

Според опозициската партија, зделката веќе предизвикала реакција на армиската правна служба, поради нетранспарентниот начин на кој била потпишана, но министерот Каменос наводно наредил апсење на офицерот кој укажал на проблематичниот договор.

Нова демократија бара одговорност да понесе и премиерот Алексис Ципрас, од кого опозицијата бара итно да го смени министерот за одбрана.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.