Горна Република Македонија?

10.04.2013 | 17:06
Прочитано: 4721

Брисел во офанзива за решавање на спорот околу името. Високата претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон во вторник доаѓа во Скопје, дознава 24 Вести од дипломатски извори.

Ова ќе биде прва посета на Ештон на земјава во нејзиниот досегашен четиригодишен мандат на чело на европската дипломатија.

Според дипломатски извори, посетата е директно координирана и со официјален Вашингтон. Ештон во Скопје ќе дојде од Белград. Ќе се обиде да издејствува исчекор за клучните предуслови што ги имаат двете метрополи за напредокот кон ЕУ – Белград во договорот со Приштина, а Скопје во разговорите за името.

Агендата на Ештон во Белград може да го помести престојот на Скопје за ден или два, но нашите извори велат дека нема сомнение оти посетата ќе биде фокусирана на динамиката на разговорите за името, особено во светло на последниот предлог на Нимиц, соопштен вчера во Њујорк.

„Горна Република Македонија“ според грчките медиуми е предлогот што Нимиц вчера го ставил на маса пред Јолевски и Василакис. Дојче Веле на грчки јазик, повикувајќи се на извори во Обединетите нации, вели дека името содржи географска одредница, но таа наспроти грчките позиции стои пред одредницата за уредувањето „Република“, па многу лесно би можела да биде изоставена. Во поглед на употребата, според Дојче Веле, предлогот не предвидува едно име за севкупна употреба или „ерга омнес“ како што бара Грција, туку „најширока можна употреба“ на новото договорено име. Грчките официјали претставници за сега молчат и не го коментираат предлогот, иако според медиумите во Атина, не се задоволни од понуденото решение. Предлогот не го коментираат ниту властите во Скопје затоа што тоа било во интерес на процесот.

Според грчките медиуми, во Обединетите нации веруваат дека е важно што новиот предлог на Нимиц има географска одредница, а нејзината позиција се смета за ирелевантна, како и дека ова е најдобар можен предлог кој ги задоволува барањата, но и бара одреден компромис и од двете страни. „Ако го одбиете овој предлог, навистина не знам каде ќе одиме понатаму“, изјавил висок западен дипломатски претставник на кој се повикуваат медиумите во Атина.

Во меѓувреме, македонските власти прават обиди и за директни контакти со нивните грчки колеги. Шефот на дипломатијата Попоски, од состанокот на Процесот на соработка во Југоисточна Европа денеска во Скопје, јавно го повика грчкиот министер за надворешни работи во мај да присуствува на министерскиот состанок што како претседавач со регионалната иницијатива Македонија ќе го организира во Охрид.

 


Билјана Арсовска

Коментари (8)

Анонимен

Со ова се докажува дека грција е македонија односно како што би кажале они Долна Македонија

Kompromis

Voopsto ne se slozuvam so predlogot, no ako e osnova za kompromisno resenie togas eve da razgovarame. Imam nekoi predlozi koi nasta vlada ili pregovaracki tim treba da gi razrabotat i da gi postavat kako protiv teza, dokolku se prodolzi so pregovorite po ovoj predlog.
Eve nakratko sto e vazno spored mene:
1. Referencata "Bivsa Jugoslovenska" koja bese dogovorena so privremenata spogodba isto taka se odnesuvase na terminot REPUBLIKA, a ne na imeto Makedonija. (Tuka grcite ne se vo pravo ako baraat terminot Gorna da bide pred imeto,a ne pre Republika, bidejki ednas takvo nesto prifatile.Koga nekoja strana ednas veke prifatila takov princip, togas toj ostanuva kako traen princip vo tekot na pregovorite i ne se menuva.)
2. Imeto "Gorna" Republika Makedonija da bide samo preodno, vremeno i kompromisno resenie vo traenje od 15 godini od denot na potpisuvanje na dogovorot, a koe ke se upotrebuva isklucivo za MADJUNARODNA KOMUNIKACIJA na nasta zemja vo odnosite so Grcija i so medjunarodni organizacii, i toa isklucivo kako alternativna forma na Ustavnoto ime REPUBLIKA MAKEDONIJA. Dvete formi Alternativnata i Ustavnoto ime da imaat ravnopraven tretman na upotreba, odnosno da se garantira ramnopravnosta vo upotrebata kako ime za Medjunarodna komunikacija.
2(a). So ovoj dogovor za kompromisna Alternativna forma na ustavnoto ime, da se garantira deka imeto na jazikot e Makedonski, a imeto na nacijata Makedonci, i deka za toa nema da se pregovara vo prodolzenie na procesot i nema da se otvora drug proces za istite. Obrazlozenie: Procesot na sozdavanje i ocuvuvanje, jaknenje na identitetot, kako i afirmacijata na atributite na zemjata vo stranstvo se postojan, konstanten i dinamicen proces koj tece ponataka i vrz osnova na toa Makedonija ke si go napravi, obezbedi svojot istoriski, kulturen i politicki prostor i mesto vo golemoto semejstvo na evropskite narodi, prepoznatlivo po razlikite i specificnostite koi gi nosi vo sebe.
3. Pridavkata ili Kompromisot "GORNA" odnesuva samo na terminot Republika (kako geografska odrednica) i se zabranuva da se upotrebuva vo bilo kakva forma ili uslov (skratenica, obrazlozenie) pred imeto Makedonija, ili od nego da se izveduvaat pridavki ili referensi koi ke se odnesuvaat vo odnos na jazikot ili nacijata.
4. Makedonija nema obvrska da go promeni ustavot, tuku toa ke se napravi samo so so ratifikacija na Dogovorot koj ima rok na vazznost od 15 godini.
5. Po istekot na 15 godini, vaznosta na dogovorot prestanuva po avtomatizam, a Makedonija ke gi izvesti OON i site medjunarodni organizacii i zemji vo svetot deka prestanala vaznosta na dogovorot. Po istekot na vaznosta na dogovorot se zabranuva upotrebata na terminot "Gorna" (pred terminot Republika) za site medjunarodni organizacii, sledstveno i za Grcija, i od toj moment site se dolzzni da go upotrebuvaat naseto ustavno ime kako ime za medjunarodma komunikacija so nasata zemja.

Независен

Би сакал само да напоменам дека апсолутно не е битно какво име ќе се прифати односно какво име ќе одберат граѓаните на Македонија за својата земја, најбитно е дека Уставот нема да се менува, пасошите исто така. Со ова дефинитивно ќе се закопаат големосрпските, големобугарските, големогрчките интереси и Македонија дефинитивно ќе исчекори испред сите нив бидејќи тоа го заслужува. Овие наши соседи ќе останат затворени во своето минато и своите амбиции од која реторика ние ќе се спасиме. Со ова нашата земја ќе се издвои од нив и наскоро ќе стане лидер на Балканот односно ќе стане демократски урнек за овие „сељачишта“.

атсел100

албанскиот орел со две глави коJ што лети во западниот дел на АНТИЧКАТА ЙJУГОСЛОВЕНСКА РЕПУБЛИКА ВАРДАРСКА БАНОВИНА,КЕ МАТИ JАJЦА И ОРЛЕТАТА КЕ КАЖАТ КАКВО КЕ БИДЕ ИДНИНСКОТО ИМЕ

атсел100

НЕ СТЕ ГОРНИ МАКЕДОНЦИ, А ВИЕ СТЕ JУГОСЛОВЕНСКИ ВАРДАРСКИ БАНОВИНЦИ И ТРЕБА ДА СЕ КРСТИТЕ ПОРАНЕШНО-ДЕНЕШНА JУГОСЛОВЕНСКА РЕПУБЛИКА ВАРДАРСКА БАНОВИНА,ЗА ХИМНА ИМАТЕ ПЕСНАТА "ДРУЖЕ ТИТО МИ ТИ СЕ КУНЕМО АНТИЧКИ МАJМУНИ ДА БИДЕМО ",ВО ИДНИНА СЕ ОЧЕКУВА РЕКАТА ВАРДАР ДА БИДЕ ГОРЕН СУЕЦКИ КАНАЛ - ДА ПОВРЖЕ БЕЛГРАД СО ЕГЕJСКО МОРЕ,ДОВОЛНО ПИШУВАТЕ НА ЛАТИНИЦА,ИМАТЕ СИ ДИЗНИЛЕНД СРЕДЕ СКОПJЕ,АНТИЧКИ ВЕНТИЛАТОР СЕ ВРТИ НА ЗНАМЕТО И ШИПТАРСКИ ОРЕЛ СО ДВЕ ГЛАВИ ЛЕТИ ШИРУМ ВАРДАРСКАТА БАНОВИНА

ice

Nie ne sme Gorni Makedonci. Nikoj vo svetot nema da ja imenuva nasava drzava kako Gorna Republika Makedonija Ke bide samo Gorna Makedonija. Nikako. Nikako. Nikako. Prekin na pregovorite.

Анонимен

Абе со сиот ум некој мисли дека ќе се прекрстиме во „горномакедонци„???

Makedonec

Ama bas mi e galje koj ke bide predlogot - vazno e da ima Makedonija. Da bese ova spor megu na primer Belgija i Holandija ke bese resen za bukvalno 5 min.

Nie, eden den, koga ke se zameni imevo(se nadevam deka ke se zameni) i koga ke vlezime vo EU, kolektivno ke se pocuvstvuvame kako magarinja sto sme dozvolile celiot nas zivot da si go frlime po voda za glupav spor posle koj ke ispadne onaa "srpskata" - tresla se gora - rodio se mis, bidejki nema nisto da se smeni vo nasite zivoti osven mozebi edno, najlosoto - poradi dolgoto cekanje na vratite na EU nie makedoncite sme vo mnogu losa finanskiska sostojba, a imame prozapaden mentalitet, bez uslovi - ne pravime deca, i veke ke bideme ili sme - nacija na umiranje ili malcinstvo vo sopstvenata drzava kako sto im se sluci na pr. na palestincite koi denes veke nemaat ni svoja drzava.

Vistinskite politicari patrioti, so barem malku mozok, ke ja procitaa politikata na grcija (nemenuvanjeto im odgovara na site sto sakaat da ne snema), ke go smenea imeto sto e mozno najbrzo, vo interes na opstanokot na nacijata, a vaka jas sum siguren deka denesnive politicari kolektivno rabotat za drugata strana (golemobugarskata, golemoalbanskata, golemogrckata i golemosrpskata) bidejki eve veke se namaluvame i toa FAKTICKI, i toa drasticno. Ova ne e zabeguvanje ova e realnosta, ako ne e taka nekoj neka mi dokazi,,

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.