Ѓорѓиев ја освои бронзата на Светското првенство во кик-бокс

09.11.2017 | 19:40
Прочитано: 766

Македонскиот борец Димитар Ѓоргиев го освои бронзениот медал на Светското првенство во кик-бокс што се одржува во Будимпешта, Унгарија.

Ѓоргиев во категоријата до 74 килограми во полуфиналето на дисциплината кик-лајт беше  поразен од Словакот, Марек Карлик со 1-2 на поени, по што нашиот беше оневозможен по четврти пат да се бори за светската титула.
 
Претходно Ѓорѓиев кој беше актуелен бранител на шампионскиот трофеј од 2015 година, ги совлада Швајцарецот, Кристоф Каезер и Алекасндрос Вагијанос од Грција. 
 

Македонија од ова Светско првенство се враќа само со еден медал, за разлика од шампионатот пред две години одржан во Белград, кога покрај Ѓоргиев и Ненад Манојловски се закити со злато, а Стефани Тодорова го освои бронзениот медал.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.