Џолев и официјално ја презеде функцијата - претседател на Кривичен суд

10.11.2017 | 17:11
Прочитано: 900

По заклетвата пред Судскиот совет, судијата Иван Џолев и официјално ја презеде функцијата прв човек на Кривчниот суд во Скопје.  Вели дека нема да дозволи политички притисоци врз судиите, најави промени, но не и итни  итни интервенции во сегашниот распоред кој го потпиша привремениот претседател Стојанче Рибарев.

Можна е интервенција вели Џолев  во распоредите за судиите кои ги оценуваат обвиненија на СЈО, останати од времето на претходниците Владимир Панчевски и Татјана Михајлова доколку се утврди дека имало неправилности. Тогаш неколку судии  важеа за „подобни“ и  беа споменувани во „бомбите“, но критика беше упатена и од Прибе и меѓународните фактори.

„Ќе направам анализа и ако се утврдат проблеми во таа смисла, секако дека ќе има интервенција“, вели Иван Џолев.

На епитетот „подобни,  реагираше претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски.

„Прво би реагирал за тоа подобни или неподобни од кој аспект? Дали од ваш или од кој? Сите судии се судии и тоа го имам кажано многу пати и ќе повторам: нема подобни и неподобни судии. Треба да се работи по устав и по закон“, вели  Зоран Караџовски

Караџоски изјави дека четворица судии кои во времето на поранешниот претседател Панчевски биле донесени во Кривичен од  судовите во Тетово и Неготино биле вратени назад поради истечен мандат. Меѓу нив беа судијките Александра Поп-Стефанија и Елена Илиевска-Јосифовиќ за кои СЈО поднесе барање за нивно  разрешување пред Советот за факти поради несовесно работење, но и  директни семејни врски со функционери од претходната власт. 


Христина Беловска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.