Дупки во финансиските извештаи на политичките партии

30.04.2014 | 17:31
Прочитано: 3300
Доколку партиите не ги оправдаат минусите на сметките од финансирањето на кампањите, ќе се разгорат сомнежите за коруптивно однесување, велат упатените. 
 
Повеќето партии до Државната Комисија за спречување корупција поднесоа извештаи од кои се гледа дека потрошиле повеќе пари за кампања од тоа што го имале во касите. Поранешниот шеф на антикорупциска Драган Малиновски вели дека минусните салда на партиите се сива зона каде постои простор за корупција.
 
Согласно финансиските извештаи кои партиите ги поднесоа до Државната комисија за спречување корупција за периодот од 17 до 25 овој месец, повеќе партии отишле во минус на сметките за финансирање на кампањите. 
 
Коалицијата „За подобра Македонија“ потрошила околу 592 илјади евра повеќе од тоа што го имале на сметката. За финансирање на претседателската кампања ВМРО - ДПМНЕ потрошиле околу 100 илјади евра а во касата имале околу 80 илјади евра. СДСМ нема поднесено извештај до Антикорупциска. Партиите од Албанскиот блок исто така трошеле повеќе одошто имале во касите: од ДУИ потрошиле 132 илјади евра повеќе од парите кои ги имала на сметка, а ДПА на Мендух Тачи е со минус од 3.600 евра.
 
Според информациите од невладиниот сектор, до сега ниту една политичка партија не била казнета поради неоправдани расходи за финансирање на кампањи а согласно прописите, казните за донаторите на партиите се движат од 1,000 до 10,000 евра. Партиите треба да добиваат ист третман како и останатите субјекти во општеството, вели политикологот Митко Гаџовски.
 
Според медиумските извењштаи, по ланските локални избори биле регистрирани само минимални повреди на изборниот законик, како на пример закаснување со извештаите. 

Александар Пешев
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.