Дупката во пензискиот фонд и натаму ќе се зголемува, потреби се конкретни решенија

17.11.2017 | 17:55
Прочитано: 1878

Следната година за исплата на пензиите од буџетот ќе се издвојат 880 милиони евра што е за 34 милиони евра повеќе во однос на годинава. Дупката во државниот пензиски фонд станува се поголема. Светска банка ѝ препорачува на Македонија да обезбеди одржливост на пензискиот систем. Но кој треба да го спасува државниот фонд. Пензионерите или работниците кои сега плаќаат пензиски придонес од своите плати.

„Овој товар се избалансира помеѓу моментално вработените и потенцијално идните пензионери. Првото е решение преку зголемување на старосната граница, второто решение   преку раст на придонесите и трето решение потенцијално некое хибридно решение каде што ќе ги оптеретиме можеби повеќе одредени сектори кои што немаат толку физичка работа или помалку оние сектори каде што вработените се физички работници“, вели Благица Петрески - Финанце тинк

Според професорот Шукаров оваа година, но и следната ќе бидат најтешки за ПИОМ, а потоа притисокот постепено ќе се намалува. Пензионерите кои ќе добиваат пензија од првиот пензиски столб ќе ги има се помалку. За дваесет година пак идните пензионери ќе добиваат пари од две места. Од државниот ПИОМ но и од приватните пензиски фонда.

„Моите анализи покажуваат дека денешно учество од 13,8 проценти, да речеме, од буџетот ќе падне на 6,6 или тоа ќе претставува  од денешни 4,4 проценти учество во БДП ќе падне на 2,3 што е толерантен износ“, вели Мирољуб Шукаров - професор

Од Министерството за труд велат дека се планира реформа на пензискиот систем. Формиран е посебен Совет од четворица министри, вицепремиерот за економски прашања и директорите на државниот и приватните пензиски фондови кои треба да најдат системско решение Најверојатно ќе се менуваат заменските стапки, односно процентите за определување на висината на пензиите и начинот на кој пензиските друштва ги инвестираат парите од приватните пензиски фонда.

„Членовите на Советот утврдија дека направените анализи се основа за предложување на законски измени на почетокот на 2018 година за адекватност на пензискиот систем и повисоки комбинирани пензии кои ќе се добиваат од првиот и вториот пензиски столб“, велат од Министерство за труд и социјална политика

За разлика од државниот фонд, двата приватни пензиски фонда. КБ и НЛБ пензиски фонд се во одлична кондиција. Друштвата кои управуваат со нив, минатата година оствариле профит од 2.5 милиони евра.


Ружица Фотиновска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.