ДУИ бара прегласување во дијаспората

30.04.2014 | 17:24
Прочитано: 2906
Демократската унија за интеграција бара да се повтори гласањето во трите изборни единици за избор на пратеник од дијаспората, поради како што рече потпретседателот на партијата и градоначалникот на Чаир Изет Меџити, скандалозно изведените избори во Европа, Америка и Австралија. 
 
„Имаме сериозни забелешки за начинот како се гласаше во дијаспората каде изборите беа придружени со манипулации и интервенции во избирачкиот список и сметаме дека изборите во сите три изборни единици не можат да бидат прифатливи за ДУИ“, рече Меџити. 
 
И покрај тоа што постојано говореше дека неправилностите ги прави, како што рече, една партија сепак на прашањето на која партија мисли тој одговори.
 
Меџити рече дека одговор ќе бараат од Државната изборна комисија зошто се избришани околу 3 илјади иселеници од Избирачкиот список, но најголема забелешка имаат за гласачите од Пустец. Илустрирајќи со фотографии тој обвини дека тие гласале, како што рече во сомнителни околности во амбасадата во Тирана претходно снабдувајќи се со лични карти во еден хотел од спротивната страна на амбасадата.
 
Инаку, тој рече дека ДУИ е задоволен од постигнатиот резултат на изборите, кои, како што потенцира е една од најголемите победи во историјата на партијата. 

Светланата Унковска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.