ДПА: ДУИ е во паника дека може да остане надвор од Владата

03.05.2014 | 17:06
Прочитано: 6152

Али Ахмети и ДУИ продолжуваат со измами, но нивните ветувања се многу плитки за да ги измамат Албанците дека од нив зависат политичките процеси, обвини денеска Беким Фазлиу од ДПА. 

Според него интегративнците не водат преговори со ВМРО-ДПМНЕ, туку како што истакна, се потчинуваат и умилкуваат, од паника да не останат надвор новата влада.

Лидерот на ДПА Мендух Тачи, пак, по вчерашната средба со американскиот амбасадор Волерс, изјави дека ја разгледува можноста да ја поддржи новата влада, без разлика дали ќе биде дел од неа, за што станало збор и на неговата последна средба со премиерот Груевски.

Тачи вчера додаде и дека нема намера да го остави челното место во партијата, ако тоа од него го бараат, како што рече предавници и непријатели, како доскорешниот сопартиец Села.

На овие обвинувања одговори струшкиот градоначалник Зијадин Села, кој на својот фејсбук-профил го обвини Тачи за предавство.

„Предавници се тие што подготвуваат стратегии во „Сушико“ и немат проблем да кокетираат, пред, за време и по изборите, со луѓе кои не им поскауваат добро на Албанците и ДПА. Предавство е безусловната поддршка на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Да кажеш дека ќе бидеш дел од Владата и дека ќе станеш министер, а од друга страна, да не го спомнеш новиот политички договор на кој претендира ДПА“, напиша Села на својот Фејсбук-профил.

Преговорите  меѓу ДУИ и ВМРО -ДПМНЕ како што беше најавено се на самиот старт, а партијата на Тачи се уште е во неизвесност дали ќе биде дел од идната влада.


Галена Николовска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.