Димитров: До крајот на ноември средба на преговарачите за спорот за името

08.11.2017 | 15:14
Прочитано: 1178

До крајот на овој месец  ќе се одржи средба на ниво на преговарачи во врска со спорот за името. При крај сме со утврдување на датумот. Во оваа прва фаза нема да има посета на медијаторот Метју Нимиц на регионот. Најверојатно тоа ќе биде овој месец и штом сето тоа се дефинира ќе информираат од канцеларијата на медијаторот.

Ова го изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на денешната прес-конференција во Владата на која беше најавено одржување на дигитален Самит на Западен Балкан, чиј домаќин следната година ќе биде Република Македонија.

Коментирајќи ја изјавата на американскиот заменик-помошник државен секретар Хојт Брајан Ји дека решавањето на прашањето на спорот со името е досега најблиску до изнаоѓање решение, Димитров посочи дека постои обид да се создаде една позитивна клима, која според него, се должи на научената лекција со Македонија која беше оставена долго време да чека во чекалната на ЕУ.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.