ДИК ги отфрли сите 12 приговори за парламентарните избори

30.04.2014 | 20:08
Прочитано: 3611

Државната изборна комисија ги отфрли сите 12 приговори доставени од политичките партии за предвремените парламентарни избори – два на ДУИ, четири на ГРОМ и шест на ДПА. 

Најголема дискусија иницираа приговорите на  ДУИ за поништување на гласањето во неколку избирачки места во седмата Изборна единица.

За дел од членовите на Комисијата целиот процес на гласање во дијапсората е симптоматичен, додека за останатите,  прашањето со гласачите од Пустец, споменати во приговорите, е затворена тема.

Во најголем дел од приговорите на ГРОМ и ДПА беа забележани нарушена тајност, како и групно или семејно гласање.

И овие барања за прегласување во одредени општини, од ДИК не беа прифатени.

За вториот круг претседателски избори партиите не поднеле ниту еден приговор, со што ДИК едногласно ги прифати резултатите за конечни, според кои Ѓорге Иванов освоил 534.910 гласа, додека Стево Пендаровски 398.077 гласови.

Во следните 48 часа партиите имаат можност да поднесат тужби до Управниот суд за одлуките  на Државната изборна комисија.


Галена Николовска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.