Демократски реформи во партиите за демократија во државата

26.12.2016 | 16:15
Прочитано: 1930
Иако фондацијата е блиска до германската ЦДУ, таа не ги претставува ниту ставовите на партијата ниту на државата, велат од Конрад Аденауер за 24 Вести.
 
Директорот на фондацијата Јоханес Раи вели дека организацијата зборува од свое име ддоавајки дека Фондацијата главно се занимава со политилчка едукација и е финансирана од германската влада, не од партијата. Запрашан дали сметате дека партиите посочени во анализата ќе имаат слух за Вашите забелешки, Раи одговара: 
 
„Кога се е поларизирано во општеството и политиката тука, на крајот на денот, не е важно дали партиите ќе имаат слух за забелешките, бидејќи тие имаат своја домашна задача која треба да си ја завршат и самите се одговорни за своите дејности. Ако забелешките бидат земени во предвид, секако тоа би се ценело.“
 
Дел од упатените сметаат дека станува збор за конструктивна критика. Гостите во 24 Отворено порачуваат дека е потребна демократизација на политичките партии со цел да се придонесе кон поголема демократизација на државата: 
 
Германската фондација во својот извештај нотира дека Со губењето на 19 пратенички места, гласачите ѝ испратија јасен сигнал за промени на владејачката коалиција, сигнал кој пред сѐ не се прифаќа од ВМРО-ДПМНЕ. Според Конрад Аденауер, наместо да се иницираат внатрепартиски реформи, се прави обид да се задржи еродираната власт. Со објавата на Прогласот и говорот на Груевски пред седиштето на ДИК минатата сабота се попречуваат ДИК и Управниот суд, нивните членови се дезавуираат, и се затвора вратата за меѓународната заедница.
 
Од ВМРО - ДПМНЕ за сега нема реакција во врска со наодите во анализата на Фондацијата.
 

Aлександар Пешев
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.