Демири и Исмаиловиќ поднеле и жалба на барањето на Министерството за правда, екстрадицијата закочена

29.04.2013 | 17:14
Прочитано: 968
Додека чекаат да им се суди во Косово, Алил Демири и Агим Исмаиловиќ поднесоа и жалба на барањето на македонското Министерството за правда за нивна екстрадиција. 
 
Најновите информации кои доаѓаат од косовска страна дека на Демири и Исмаиловиќ, прво ќе им се суди во Косово за нелегално држење оружје, за професорот Владимир Пивоваров е знак дека политиката замешала прсти во судскиот процес за убиството кај Смилковското Езеро.
 
Адвокатот на двајцата обвинети како директни извршители пак смета дека во Приштина судењето ќе трае кратко, а казната Исмаиловиќ и Демири според неговите информации ќе ја издржувале во Македонија. 
 
Она што останува неодговорено е и дали оружјето за кое ќе им се суди во Косово било употребено во масакрот кај Смилковското Езеро.
 
Демири и Исмаиловиќ беа уапсени во елитна населба во Приштина. 
 
По потерница од Интерпол, косовката полиција кај нив пронајде и оружје, но засега нема информации од истрагата дали дел од оружјето било користено во петкратното убиство.

Богданка Кузеска

Коментари (1)

Анонимен

Koja molba ili pravda za vas samo smrtna KAZNA

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.