ЦИВИЛ“ распореди набљудувачи во Теарце

26.12.2016 | 16:15
Прочитано: 1944
Невладината Цивил, денеска постави два информативни штандови во Теарце за да ги информира жителите за нивното гласачко право, а оттаму додаваат дека на терен постојано работат набљудувачи и секојдневно поднесуваат извештаи.
 
„Нашето набљудување е мобилно. Ќе имаме засилено набљудување на целиот терен. исто така на ниво на целата држава постизборното набљудување на Цивил е активно и ги следиме партиските активности во овој транзиционен период во сите општини во земјава“, изјавија од Цивил.
 
И од граѓанската асоцијација Мост потврдуваат дека ќе имаат свои набљудувачи кои ќе го следат изборниот процес на гласачкото место 20-11 во Теарце, а ќе имаат и мобилни тимови.
 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.