Цела деценија инспектори од УЈП не влегле во 40 фирми, други биле контролирани на 6 месеци

07.11.2017 | 19:32
Прочитано: 9615

40-тина реномирани компании во Македонија, цели 11 години биле невидливи за УЈП, дознава ТВ 24. Во изминатата деценија даночните инспектори ниту еднаш не затропале на вратите на нивните канцеларии, ниту им ги контролирале деловни книги.

За сметка на тоа, дел од приватните фирми во Скопје и низ државата пак биле честа мета на инспекторите и УЈП во нив влегувала на секои шест месеци.

Од УЈП потврдуваат дека имало селективност при контролирањето и казнувањето, но не откриваат од кои сектори се и кои се фирмите кои се штителе. Овие податоци ќе ги кажат откако ќе ги завршат анализите кои треба да покажат зошто дел од фирмите биле привелигирани.

„УЈП може да потврди дека кај голем број даночни обврзници во изминатите 11 години воопшто не се вршени контроли по било кој основ, но утврдувањето на конкретниот број на даночни обврзници кај кои не се вршени контроли или кај кои се извршени повеќе контроли е предмет на анализа заради што не сме во можност оваа информација да ја споделиме со јавноста.“- велат за ТВ 24 од УЈП.

Селективноста на инспекции, но и тоа дека во времето на претходната власт работеле по нарачка можеше да се слушнеме и во дел од телефонските разговори во објавените бомби.  

Стопанствениците и коморите претходно неколкупати посочја дека инспекциите имаат селективен пристап при казнувањето на компаниите. Газдите не се против инспекциските контроли и глоби, но велат дека Законот треба да важи подеднакво за сите компании во дражавата.

Доказ за ова според нив се големиот број блокирани сметки на фирми од страна на УЈП за како што велат ситни долгови. Заклучно со јуни годинава беа блокирани над 70 илјади сметки на фирми, што е скоро половина од бројот на активни фирми во Македонија.



Ирена Смиљанска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.