Борисов: Западен Балкан има шанса да ја замени Британија во ЕУ

09.11.2017 | 09:47
Прочитано: 2818

Балканскиот полуостров има ретка шанса да биде во можност да го заземе местото на Велика Британија, по нејзиното излегување од ЕУ.

Сега е моментот, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов на заедничката прес-конференција со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

Според Борисов,  регионот може да стане незаменлив дел од Европа, од гледна точка на инфраструктурата. Конкретно за Западен Балкан, Јункер истакна дека во моментов изгледа дека ниту една од земјите во регионот не е подготвена да влезе во ЕУ, но не треба да се одзема европската перспектива.

Претседателот на Европската комисија посебно ја посочи Турција, како земја со која Унијата сака да гради најдобри можни односи, но оцени дека Анкара прави чекори наназад.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.