Бизнисмените бараат одговори

06.11.2017 | 17:32
Прочитано: 1880

Зголемувањето на акцизата за дизелот ќе го погоди бизнис секторот, му порачаа на министерот за финансии, Драган Тевдовски од Стопанската комора на Македонија,на денешната дебата за буџетот за следната година...Сепак, стопанствениците посочија дека не е проблем да се зголемат давачките, ако парите се трошат продуктивно, но мора точно да се знае каде ќе завршат.

„Дали ова решение е од зголемување на зголемувањер кое ќе има сериозен удар кај нас, може да ги подјаде тие проекции кои се направени за зголемување на конкурентноста на македонската економија?“ - вели Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на Македонија

„Не е акцизата да не стимулира пешки да одиме, таа задира во одредени сктори кои се базиранина механизација кои користат нафта“ - вели Митко Кочовски, претседател на Здружението за металургија.

„Бизнис секторот ќе го даде својот придонес во обезбедување на дополнителни сретства.“ - вели Златко Симоновски, стопанственик.

Министерот за финансии, Теводвски пак со став дека – мерката е внималтелно разглеана.

„Нашата проекција за инфлацијата за следната година е 1,7 процент и таа ги вклучува очекувањата за поместување на акцизата“ - вели Драган Тевдовки, министер за финансии.

Дополнително, стопанството порачува дека администрацијата е гломазна,и приватниот сектор неможе да го издржи тој товар. Од друга старна иако го поздравија зголемувањето на капиталните инвестиции за идната година, сепак бизнисмените го потсетија министерот дека државата им должи многу пари за завршените проекти.

„Владата на секои три месеци да ја анализира реализацијата на капиталните инвестиции и да ги потикнува тие работа, за да не се случи на крајот од годината да се покаже дека тие не се реализирани и дека нема простор за интервенција“ - вели Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на Македонија.

Од финансии пак најавија нов закон со кој државата побрзо ќе ги враќа долговите, но и ќе се знае кому и колку должи и до каде  е реализацијата на проектите. Тевдовски со објаснување дека буџетот за 2018 и не е така голем како што можело да биде.

„Буџетските корисници имаа поголеми потреби за 500 милиони евра, иако сите нивни желби ги вклучивме и денес Македонија ќе имаше буџетски дефицит од 8% од БДП Драган Тевдовски, министер за финансии.

Буџетот за следната година тежи 3,44 милијарди евра. Дефициот е 300 милиони евра или 2,7 отсто од БДП.


Ирена Смиљанска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.