Белата куќа: Нема да има средба меѓу Трамп и Путин

10.11.2017 | 10:44
Прочитано: 485

Американскиот претседател Доналд Трамп нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на маргините на самитот на Југоисточна Азија кој се одржува во Виетнам, соопшти Белата куќа. 

„Во врска со средбата со Путин, никогаш не беше потврдено и нема да има никаква средба. Двајцата претседатели ќе бидат на исто место, но дали ќе се сретнат еден со друг и ќе си кажат здраво, тоа е многу можно и веројатно, но официјална средба нема забележано на календарот“, изјави портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.

Оттаму сепак не ја исклучуваат можноста двајцата претседатели да имаат неофицијална средба во Дананг, Виетнам,  или подоцна на Филипините каде што двајцата лидери исто така ќе учествуваат на друг регионален самит.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пак вели дека претставници на двата кабинета се уште работат за да се оствари средба меѓу претседателите.

„Од нашите американски колеги доаѓаат контроверзни информации. Разговорите продолжуваат. Засега се уште ништо не е прецизирано“, изјави Дмитри Песков – портпарол на Кремљ.

Првата средба помеѓу Трамп и Путин се одржа на маргините на самитот на Г20 кој во јули оваа година се одржа во Хамбург.

Двајцата претседатели по средбата изразија задоволство од разговорите но сепак само еден месец подоцна американскиот Конгрес усвои нови, овојпат,  построги санкции против Русија под образложение дека Москва се мешала во претседателската трка во 2016 година.

Но конфликтот меѓу двете земји не заврши тука. Русија нареди протерување на 750 американски дипломати, а Вашингтон возврати со наредба за затворање на неколку руски дипломатски претставништва.


Стојанчo Мицевски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.