АВМУ: ВМРО-ДПМНЕ со најмногу реклами во вториот круг од изборите

03.11.2017 | 17:23
Прочитано: 565

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со најголем обем на рекламирање во вториот круг од локалните избори, покажуваат податоците од мониторингот на агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Согласно податоците, обемот на платено политичко рекламирање за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ изнесува 26 часа, понатаму 11 часа за коалицијата предводена од СДСМ, Беса – околу 5 часа и ДУИ околу 4 часа. Од телевизиите опфатени со мониторингот најмногу реклами се емитувани на тв Нова и на тв Сител и тв Алсат-м. Агенцијата забележала помал интензитет на кампањата во вториот круг, во споредба со првиот круг од изборите.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.