Аријан Адеми нема да биде на располагање на селекторот Игор Ангеловски

09.11.2017 | 19:45
Прочитано: 963

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија ги одработува подготовките за пријателскиот дуел со Норвешка. Аријан Адеми нема да биде на располагање на селекторот Игор Ангеловски откако деталните прегледи на додоа зелено светло за негов настап на дуелот со Норвешка. Од претходно поради повреди откажаа: Љупче Дориев и Никола Ѓорѓев.

Ангеловски дополнително ги повика Кире Маркоски и Анес Османовски, а не планира нови играчи.

Неизвесноста околу настапот на Висар Муслиу и на Кире Ристевски е присутна и натаму. Во таква ситуација за очекување е Ѓоко Зајков да биде стартер на саботниот натпревар.

- Сакаме да постигнеме победа на дуелот со Норвешка и со успех да ја завршиме 2017 година. Имавме добри натпревари во вториот дел од сезоната и ќе дадеме максимум за уште една победа. Со добрите игри се врати и добрата атмосфера, изјави Ферхан Хасани.

Натпреварот Македонија - Норвешка се игра во сабота со почеток во 18:30 часот и се игра на Националната Арена „Филип Втори“.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.