Археолозите бараат поголема промоција и на локалитетите во струмичко

22.10.2017 | 18:03
Прочитано: 1676

Струмичко изобилува со археолошки локалитети кои имаат богата култруна и историска вредност, но во истите треба да се вложува, за да станат самоодржливи и да бидат атрактивни за туристите.  Ретко каде се наплаѓа влезница, а нема ниту сувенирница за да посетителите купат некој експонат Археолозите тврдат дека археолошките локалитети да се уредат за што е потребна помош, не само од локалните власт, туку и од приватниот бизнис сектор.

„Повеќето локалитети не се уредени на начин за да може адекватно да ги презентираме пред пошироката јавност и потребан ни е потребна помош од државата и локалната управа, со овие мали зафати би можело да се направи одреден успех да се презентира локалитетите и да се стават во функција на туристичката промоција“ - вели археологот Зоран Рујан.

Првиот човек на струмичкиот музеј тврди дека фокус треба да се даде на неколку локалитети, чије истражување и конзервација треба да бидат завршени и ставени на туристичката мапа. Според Георгиева, истите треба да се нудат во пакет со подвижното културно наследство од струмичко.

„Акцентот да се стави на термата како еден објект и да се направат вредни за посета за туристите, да се валоризираат и на тој начин да си обезбедат своја себе одржливост, а потоа да се продолжи на другите локалитети“ - вели Василка Георгиева, директор на завојд и музеј Струмица.

Најпосетувани во струмичко се римските терми кај Бања Банско, локалитетот Свети 15, но иЦареви кули каде последниве години се работи на рестраврација и подигнање на бедемите. За вистински развој на културниот туризам, треба организирано дејствување на повеќе институции, не само на музејот, тврдат од оваа културна институција.


Ване Трајков
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.