Анкета Брима Галуп: Заев и СДСМ попопуларни од Груевски и ВМРО- ДПМНЕ

23.06.2017 | 18:16
Прочитано: 6166
По повеќе од една деценија рејтингот на СДСМ и Зоран Заев поголем од ВМРО-ДПМНЕ. Најновиот политички барометар на БРИМА Галуп покажува дека по изборот на новата Влада дошло до значајни поместувања на позициите на политичките партии во електоратот на Македонија.
 
Според податоците од истражувањето СДСМ води со 22,4% пред ВМРО-ДПМНЕ кој го поддржуваат 19,8% бирачи. Иако ВМРО-ДПМНЕ во сегментот на етничките Македонци се уште има предност од 0,9% во вкупниот електорат СДСМ има предност од 2,6% затоа што СДСМ го поддржуваат 6,3% од етничките Албанци а исто така СДСМ и кај гласачите од другите етнички заедници има предност од 15,1% во однос на ВМРО–ДПМНЕ.
 
Во Албанскиот политички кампус ДУИ и понатаму ја задржува предноста со 26,6% во однос на Беса која е поддржана од 15,8% и Движењето за реформи во ДПА која ја поддржуваат 15,5% етнички Албанци.
 
Барометарот е спроведен непосредно по изборот на новата Влада на Република Македонија (од 2 до 12 јуни 2017).  Во политичкиот барометар е истражувана и перцепцијата на граѓаните на позитивната листа каде граѓаните се определувале за еден политичар во кого имаат најголема доверба.
 
Резултатите од истражувањето покажуваат дека во вкупниот електорат сега на позитивната листа води Зоран Заев со 17.7%, a Никола Груевски заостанува зад него за 4.7%, за кого се определиле 13.0% граѓани од вкупниот електорат. Во вкупниот електорат во најголем број се граѓаните кои немаат доверба во ниту еден политичар (29.8%).

Светлана Божиновска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.