Ахмети ги кани на ручек партиите на Албанците во Македонија

26.12.2016 | 16:15
Прочитано: 9468
Лидерот на ДУИ Али Ахмети утре во 13 часот ги чека на заедничка средба, Беса, Алијансата на Албанците и ДПА.
 
Ова го потврди и портпаролот на партијата Бујар Османи кој изјави дека се повикани сите албански партии без исклучок и дека на средбата ќе се разговара за политичката состојба во земјава по изборите. Потврда за присуство пристигна од Алијансата на Албанците. Зијадин Села во изјава за 24 вести рече дека практично тоа е нивна заложба уште за време на изборната кампања.
 
„Ние имавме дециден став дека доколку освоиме повеќе гласови од другите партии на Албанците ќе бидеме иницијатори на таква средба. Но доколку изгубиме ќе ја прифатиме таквата идеја, што значи дека утре ќе одиме на средбата.“
 
Од Беса не сакаа конкретно да одговорат, бидејќи како што истакнаа одлука за тоа треба да донесе Централното претседателство. Иако од оваа партија беа најголеми критичари на ДУИ и се сметаа за нивни политички опоненти сепак неофицијално се вели дека најверојатно ќе одлучат да седнат на зедничка маса со Ахмети. Притоа ќе му испорачаат и некои свои барања, меѓу кои и продолжување на мандатот на СЈО. Засега неизвесно останува што ќе одлучи ДПА, особено по оставката на Мендух Тачи, поради што од оваа партија никој не сакаше да зборува.
 
Инаку, повикот на Ахмети за утрешна средба со другите партии на Албанците е за заедничка платформа на албанските партии, која доаѓа по средбите на нивните претседатели со албанскиот премиер Еди Рама. Познавачите на состојбите велат дека ова на Ахмети му е еден вид џокер во формирањето на идната влада но не во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како прво, додаваат тие, партијата на Беса децидно изјави дека тие во никој случај нема да влезат во влада со личности кои се осомничени од бомбите што нема да го погазат. А како второ доколку идејата на ДУИ е за натамошна соработка со партијата на Никола Груевски тоа уште покатастрофално ќе се одрази врз интегративците на локалните избори напролет.  
 
 

Светлана Унковска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.