4 години од црниот понеделник

26.12.2016 | 16:15
Прочитано: 5189
24 декмври 2012 година. Четири години поминаа од црниот понеделник кога собраниското обезбедувањето насила ги исфли пратениците и новинарите од законодавниот дом и буџетот за 2013 беше изгласан.
 
Опозицијата датумот го прогласи за ден од кога започна крајот на демократијата. За власата денот е  обид за државен удар и напад врз претседателот на Собранието.
 
Во очи на годишнината, непсредно пред изборите и оваа година лидрот  на СДСМ Зоран Заев  не отстапува нема да дозволи да се повтори  24 декември.
 
Што всушност се случи на 24 декември 2012 година?
 
На дневене ред пред пратениците Буџетот за 2013 година.
 
Опозицијата поднесе над 1 200 амандмани што не беа во целост разгледани на комисиката расправа, а буџетот се најде во финалната фаза пред гласање. Повод за СДСМ да обвини дека  целосно е нарушена процедурата за носењето на буџетот. Уште во текот на ноќта граѓани предводени од опозицијата започнаа протести. А следниот ден пред собранието ги пречекаат и контрапротести организирани од „Фронтот на народот“, кои беа за донесување на буџетот. Јајца и камења, си разменија двете групи, но не  се судрија. Поголем инцидент беше избегнат.
 
Сепак, кулуминарше внатре во собарниската сала. Опозицијата не остапуваше. Преку говорницата  го постави знамето на Македонија со цел да го  спречи носењето на буџетот надвор од процедура, како што велеа.  Спикерот Вељновски, со обезбедување ја напушти салата. Собраниското обезбедување ги отстрани пратениците, но, и новинарите од галеријата.
 
Политичката криза заврши со мартовскиот договор,  под буднот око на меѓународната заедница.  А денот остана да се памети како црна дамка во македонската парламентарна демокартија.

Марина Узунов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.