24 анализа - Влегува ли спорот со името во завршница?

Влегува ли спорот со името во завршница или пак оптимистичките најави за конкретно поместување се и премногу оптимистички? Македонија покажува зголемен интерес, најави дека името е на агендата и од Грција, но со дополнителни барања и без најави за отстапување на нивната позиција. Колку Самиот на НАТО во јули е временската рамка до која може да се испорачаат конкретни резултати? Нова иницијатива од медијаторот Метју Нимиц, се очекува до крајот на месецот. Колку ќе биде пресудна таа средба? Aнализираат поранешните амбасадори Огнен Малески и Благој Зашов и поранешниот функционер во секторот за европски прашања, Перо Димшовски.

See video

Емисии

20.02.2018 - 01:49
Државата ги менува правилата за делба на скоро една милијарда евра... Наместо цена – пресуден ќе биде квалитетот во јавните набавки... ММФ препорача, дали владата ќе прифати зголемување на старосната граница за пензионирање? Кога ќе почне дебата за раст на персоналниот данок? Од надвор, нови ризици за нова криза... Во каква кондиција е македонската економија? Министерот за финансии Драган Тевдовски во 24 Тренд – анализа
19.02.2018 - 22:37
Во месецот на љубовта и добрата капка, во Патот до успехот го поканивме единствениот Џибони... Човекот кој знае да направи песна со душа и најважно, љубов... За првиот албум, како тој гледа на нештата... Прославете ја љубовта со Џибони.
19.02.2018 - 20:09
Тема: Новата Агенција надлежна за следење на комуникации „ОТА“ е како новороденче кое се раѓа со срцева мана
19.02.2018 - 19:14
Тема: Акни во пубертет Гостин: д-р Искра Петровска Шешова-спец. дерматолог.