24 анализа - Стана ли црквата економска институција?

Која е улогата на религијата во македонското современо општество? Се преплетуваат ли религиските со државните прашања? Кој си зема за право да воведува тарифници во епархиите? Стана ли црквата економска институција? Вo што веруваат верниците во идеологијата или институцијата црква. Дебата со универзитетскиот професор, Зоран Матевски. Отец Ивица Тодоров и новинарот Марјан Николовски.

See video

Емисии

23.11.2017 - 02:33
Законот за јазици повторно ја бранува јавноста и законодавниот дом- амандманите се напишаа - комисијата се одложи – зошто? Колку шлаканицата на еврокомесарот Јоханес Хан околу приоритети ја вразуми власта, како опозицијата планира да издејствува повлекување на Законот и да докаже дека е противуставен. Дебатираат пратениците Петар Атанасов од СДСМ и Драган Данев од ВМРО – ДПМНЕ.
22.11.2017 - 22:35
Државата веќе месец дена егзистира без министер за здравство, во болниците се жалат сите, и граѓаните и лекарите... Има ли Владата стратегија за поправање на еден од најважните сектори во државата?... Македонските пациенти се помалку веруваат во домашните клиники и помош бараат во странство... Кога одењето во друга земја е оправдано, а кога се работи за бескрупулозен бизнис за собирање на пари од очајни луѓе? Гости: Дејан Ставриќ, поранешен претседател на Клиничкиот синдикат, Лилија Чолакова Дервишова, претседател на здружение на приватни лекари и Илбер Бесими, Лекарска комора
22.11.2017 - 19:00
Тема: По барање на МПЦ да стане „црква ќерка“ на БПЦ, реакции во Бугарија и во Македонија
22.11.2017 - 18:58
Тема: Тромбофилија и бременост Гостин: д-р Татјана Гуржанова - спец. гинеколог акушер и ИНФ специјалист