„Субренд“ 2017 – 15 фирми по избор на студенитите

19.10.2017 | 17:46
Прочитано: 4081

Трета година по ред студентите имаат единствена можност со својот глас да ги одберат своите најомилени брендови и да ја подарат довербата на компаниите кои со своите услуги, својот квалитет и понудата која ја пласираат на пазарот допринесуваат студентски живот да биде полесен и поедноставен .

Како една од најкритичните таргет групи, отценката која компаниите ја добиваат од студентите претставува голема одговорност за оправдување на наградата но и дополнителен предизвик за истата оваа значајна Стубренд награда да ја задржат и следната година во свои раце. Според регионалниот директор на STUBRAND, д-р Виктор Ѓорѓиески, компаниите го препознаа значењето на гласот на студентите.

„Не очекував толку брз раст на бредот, но компаниите препознаваат професионализам и квалитет во работењето и како маркетинг агенција во препознаваат значењето на студентите како нивни и идни клиенти и затоа сите напори на компаниите се наосчени конпривллекување на оваа група.“ - изјави д-р Виктор Ѓоргиески, регионален директор на Стубренд.

Во овогодинешното истражување учествуваа 1.054 студенти од сите универзитети во Македонија. Студентите гласаа за 415 компании а само 15 компании беа промовирани како Стубренд и Премиум Стубренд. Помеѓу компаниите кои имаат најмногу доверба кај студентите се најдоа: „Зегин“, „Европа“, „Еуролинк Осигурување“, „Неуромедика“, „ЈОКА“, „Шпаркасе банка“.

Телекабел трета година по ред ја оправдува довербата на студентите и повторно ја освои статуетката за најомилен кабловски оператор помеѓу студентите во Македонија. Наградата за најгледана телевизија и телевизија со најголема доверба кај студентите и оваа година останува кај ТВ 24. 


Сања Савеска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.